Ризница:Вики ја сака земјата 2016
Wiki Loves Earth | ||
---|---|---|
Вики ја сака Земјата 2016 (Wiki Loves Earth 2016) е меѓународен фотографски натпревар чија тема е природното наследство (заштитените подрачја) на разни земји. Сите земји-учеснички имаат свои посебни натпревари во организација на месни екипи, па затоа роковите, правилате, наградите и тн може по малку да се разликуваат. Откако ќе се изберат финалистите од секоја земја, настапува меѓународно жири кое ги избира севкупните победници. Погледајте ги државните финалисти и меѓународните победници избрани од месните жирија, а потоа од меѓународното жири.
Замисла
Основната цел на натпреварот е да се создадат и соберат слики од природното наследство на земјите, како што се природните резервати, заштитените предели, националните паркови, особени градини и тн. Со ова се предвидува да се илустрираат статиите на бесплатната светска енциклопедија „Википедија“ и другите Викимедиини проекти. Како и за „Вики ги сака спомениците“ (WLM), користиме официјални списоци на заштитени подрачја кои обично ги добиваме од државни установи.
Нагласокот не е само на места од државно значење, туку и на сите заштитени подрачја од регионално значење, како и најразлични видови природни места: шуми, паркови, градини, карпи, пештери и сето она што е заштитено како природно добро во вашата земја. Така, највеќето учесници ќе можат да најдат барем неколку места од вакво значење во блиската околина.
Земји-учеснички во 2016 г.
Ако сакате да учествувате на натпреварот како фотограф, појдете на страницата за вашата земја наведена во списокот подолу.
Ако вашата земја не е на списокот, а вие би сакале да организирате таков, појдете подолу на страницава.
Времеслед
- 1 – 31 мај и 1 – 30 јуни: национални натпревари
- 31 јули: краен рок за поднесување на месните победници (погл. страницата со победници)
- 15 септември: краен рок за прогласување на меѓународните победници
Правила
- Правилата за меѓународниот дел од натпреварот.
Помош и ЧПП
Организирајте месен натпревар
Доколку одлучите да ја одржите „Вики ја сака Земјата“ во вашата земја, ќе треба да ги проследите следниве чекори:
- Да имате или направите список на заштитените природни подрачја (на Википедија или тука на Ризницата). — Различни земји имаат различни системи на нивна класификација со степени на заштитеност (од големи национални паркови до поединечни заштитени дрва на забаталени места). Дефинициите обично стојат во официјални документи. Ако вашата земја нема таков список, можете да направите список на места кои заслужуваат да се наречат природно богатство.
- Да имате или напишете јасни препораки за сликите. — Одредете на кои аспекти треба да се задржуваат фотографите.
- Да имате активна организациска екипа и да наведете одговорно лице за контакт, на пр. список на корисници што помагаат.
- Организирајте добра жири-комисија за вашата земја. Размислете за наградите што ќе ги доделувате доста предвреме.
- Направете матична страница за натпреварот во вашата земја тука на Ризницата (
Commons:Wiki Loves Earth 2016 in …
) и средете ги категориите, предлошките и тн. (Подоцна може да побарате техничка помош од корисниците на пр. за приалгодувања на разгласите.)
- Повеќе за организирањето ќе најдете на Commons:Wiki Loves Earth 2016/Organise
Каде да поставам прашање?
Главното место за поставување прашања и давање предлози е страницата за разговор на WLE 2016 (на англиски). Ако имате прашања што се однесуваат на поединечна земја, погледајте ги страниците означени за контакт во одделот „земји-учеснички“ погоре (на разни јазици).
Други места каде ќе добиете помош:
- wle-teamwikimedia.org.ua
- wikilovesearthlists.wikimedia.org (запишете се)
- #wikilovesearth webchat
- коментари на порталот wikilovesearth.org
Статистика
- Набљудувања — список на најнови подигнати слики и табела со број на слики по земји.
- Алатки за натпреварите „Вики ги сака...“ — график и табела со број на подигнати слики по земји, број на искористени слики, број на подигачи и број на подигачи регистрирани по отпочнувањето на натпреварот.
- Подигачи во категорија — алатка што брои подигачи во дадена категорија на Ризницата (т.е. Вики ја сака Земјата 2015 во Бугарија) и дава изводен список со бројот на подигнати слики за секој подигач.
- Неискористени податотеки — алатка која составува список на страници во дадена категорија што не се користат на било кој или извесен проект.