Прејди на содржината

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стефан
Архиепископ од 1999
Архиепископ до во служба
Претходник Михаил
Роден 1 мај 1955 во Добрушево, Македонија Македонија
Други архиепископи со име Стефан

Господин Господин Стефан (р. 1 мај 1955) — поглавар на Македонската православна црква. Неговата полна титула е Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски.

Роден како Стојан Вељановски во с. Добрушево, Битолско. Во 1969 г. се запишал на Македонска православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје и завршил во 1974 година. Истата година се запишал на Теолошкиот факултет во Белград каде дипломирал во 1979 година. По неговото враќање Светиот Архиерејски Синод на Македонската Првославна Црква го назначил за учител во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“. Во 1980 г. се запишал на постдипломски студии во Институтот „Св. Никола“ во Бари, Италија кој се специјализира во патријаршиски и Византиски студии. Во 1982 г. дипломира на институтот.

Кога тој се вратил во Македонија станал професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Тој се замонашил во манастирот „Св. Наум“ во Охрид на 3 јули 1986 г. а на 12 јули бил именуван Митрополит Струмички, а кратко по тоа именуван за поглавар на Брегалничката епархија.

Во наредните години тој работел како декан на Богословскиот факултет во Скопје, портпарол на Светиот архиерејски синод, како главен уредник на црковниот весник „Црковен Живот“ и главен секретар на Архиепископот Охридски и Македонски.

Во Охрид од 9-10 октомври 1999 г. Црковното нацинолано собрание (состаевно од духовни и световни членови) бил избран за поглавар на Македонската православна црква.

Поврзано

Надворешни врски

Страница за Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. СтефанСкопска епархија


Претходник
Михаил
Архиепископ Охридски и Македонски
1999 -
Наследник
актуелен