Од Википедија — слободната енциклопедија
Штипско-кочанскиот дијалект на картата на македонските дијалекти
Говор на жена од градот
Штип
Проблеми со пуштањето? Помош .
Штипско-кочански дијалект — дијалект на македонскиот јазик . Дијалектот спаѓа во источната група на македонски дијалекти. Овој дијалект се зборува во централниот дел на Источна Македонија , односно во Штип , Кочани , Пробиштип , Виница , Радовиш и околните населени места. Главна одлика на дијалектот е продолжувањето на самогласките.
продолжување на самогласките (каде ќе одиш > дека ќе одеш )
испуштање или измена на самогласките (полна > пуна-п'на )
употреба на предлог (во град > у градо )
употреба на архаичната х наместо в (видов > видох )
испуштање на буквата т при членувањето на именките (братот > брато )
употребата на зборот говори
Во Кочанската котлина значително се употребува зборот дума , додека во останатите градови, Штип , Радовиш и Пробиштип се користи зборот збори .
Во Штипската околија значително се употребува зборот беше (Јас бев > Јас беше )
штипско-кочански дијалект
стандарден македонски
дума
говори
штипско-кочански дијалект
стандарден македонски
патлиџан
домат
употреба на зборот степеници
штипско-кочански дијалект
стандарден македонски
мердевени
степеници
употреба на зборот Гума за џвакање - мастика
штипско-кочански дијалект
стандарден македонски
сак'з
мастика