Прејди на содржината

Џакарта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Центарот на Џакарта

Џакарта (индонезиски: Jakarta) е главен град на Индонезија. Таа се наоѓа во северозападниот дел на островот Јава, на брегот на Зондско Море. Населението на Џакарта е околу 8 792 000 граѓани (според пописот од 2004 година), кое ја прави како еден од најголемите градови во Југоисточна Азија. Површината на градот изнесува 661.52 км2. Во градот се наоѓа аеродромот Soekarno-Hatta International Airport.

Основни податоци

[уреди | уреди извор]

Држава: Индонезија

Географска положба: 6° 10’ 44” сгш

106° 49’ 50” игд

Надморска височина: 8 m

Површина:661.52 км2.

Број на население 8 792 000 км2

Густина: 12.920 жит./км2

Телефонски повик: 021

Историја

[уреди | уреди извор]

Првите населувања на Џакарта датираат од околу 5 век. Во текот на 12 век таа е важен центар на хиндуистичката држава Зонда. Првите европски доселеници кои пристигнале во Џакарта биле португалците, во почетокот на 16 век. На 22 јуни 1527 година, градот бил опседнат и преземен од страна на местниот воен началник Фатахилах, при што градот е преименуван во Џајакарта (од јавански, "победа"). Оваа дата денес се смета за моментот на основување на градот.

Во 1619 година Џакарта е преземена од војската на Обединетата источноиндиска компанија на чело со Јан Питерсен Кун. Името на градот е сменето во Батавија (од батави, племе кое ја населило денешна Холандија при римското завојување на оваа држава). Во времето на Наполеон Бонапарт и неговите подходи, за кратко време градот бил управуван од британските власти (1811-1815). Со нараснувањето на холандската власт во регионот во текот на 19 век, важноста на Батавија исто така се зголемила.

Во време на Втората светска војна градот бил преземен од Јапонците (1942), кои му дале и денешното име Џакарта, сè со цел за да ја добијат подкрепата на местното население. По капитулацијата на Јапонија во 1945 Џакарта се враќа под контрола на Холандија, но зголеменото движење за независност доведува до создавање на независна Индонезија, а во 1949 Џакарта станува нејзин главен град.