Атол
Изглед
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/6b/Atafutrim.jpg/220px-Atafutrim.jpg)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c5/Maldives.visibleearth.nasa.jpg/220px-Maldives.visibleearth.nasa.jpg)
Атол (од малајалски: അതൊലു, атолу = гребен) — корален остров кој содржи отворена или затворена лагуна.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Повеќето од светските атоли се наоѓаат во Тихиот Океан и Индискиот Океан. Пример за атоли во Тихиот Океан се Туамоту, Каролинските Острови, Маршалските Острови, Коралноморските Острови, Кирибати, Тувалу и Токелау. Познати атоли во Индискиот Океан се Лакадивските Острови, Чагос и Сејшелите. Во Атлантскиот Океан нема голем број атоли, освен една група од осум атоли во близина на Никарагва, кои се под колумбиска управа.
Создавање
[уреди | уреди извор]Дарвин во 1842 година дал објаснување за создавањето на атолите во јужниот Тихи Океан. Објаснувањето се заснова на набљудување кое се одвивале за време на петгодишното патување со бродот „Бигл“.
-
Теоријата на Дарвин започува со вулкански остров кој почнува да се проширува.
-
Додека островот пропаѓа, коралите создаваат корален гребен, кои често вклучуваат и плитка лагуна.
-
Како што копното пропаѓа, коралниот гребен станува сè поцврст и лагуната станува подлабока.
-
На крај, островот сосема потонува и се создава атолот.
Поврзано
[уреди | уреди извор]![]() |
„Атол“ на Ризницата ? |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Создавање на бермудскиот гребен
- „Вулканот на Дарвин“ - краток видео запис.
![]() | Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|