Прејди на содржината

Кеплеров вносен каталог

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кеплеров вносен каталог (англиски: Kepler Input Catalog или KIC) — јавно достапна база на податоцина приближно 13,2 милиони целни ѕвезди на набљудување на Кеплеровата програма за спектрална класификација (SCP) и вселенскиот телескоп „Кеплер“.[1][2]

Целите за спектрална анализа на потфатот се анализирани од проектот 2MASS, како и Слоунските филтри како griz.[3] Кеплеровиот каталог сам по себе не е доволен за пронаоѓање на целите бидејќи само една третина од него е видлива за вселенската опсерваторија.[1] Целосниот каталог опфаќа ѕведи со величини до 21, што дава 13,2 милиони цели, но Кеплеровите сетилници можат да забележат само 6,5 до 4,5 милиони од нив.[1]

KIC е еден од малкуте сеопфатни каталози на видното поле на едно опсерваториско летало.[4] Создаден е поради отсуството на каталози со доволно продлабочени сознанија во целното подрачје во тоа време.[5] Во ставките на каталогот се заведуваат масата, полупречникот, делотворната температура, површинската гравитација (log g), металичноста и црвеното замирање“.[5]

Пример за ставка во каталогот е KIC #10227020. По извесно време ѕвездата покажала сигнал на премин, и со тоа е прогласена за занимливо Кеплерово тело со ознаката KOI-730.[6]

Не сите ѕвезди во Кеплеровиот вносен каталог со планети (потврдени со премин) добиваат ознака на занимливост. Ова се должи на тоа што сигналот од преминот понекогаш го утврдуваат други екипи кои не се дел од овој потфат. Таков пример е Кеплер-78b.[7]

Необичната светлинска крива на KIC 8462852 (озн. TYC 3162-665-1 и 2MASS J20061546+4427248) поттикнала шекулации[8] за присуството на Дајсонова сфера[9][10] поставена од некоја вонземска цивлизација.[11]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 „KIC Search Help“. Multimission Archive at STScI. 17 септември 2009. Посетено на 12 September 2011.
  2. „KIC10 Search“. Multimission Archive at STScI. 8 октомври 2009. Посетено на 12 септември 2011.
  3. „FAQ: What is the Spectral Classification Program (SCP)?“. Multimission Archive at STScI. 18 септември 2009. Посетено на 12 септември 2011.
  4. Beatty, T. G. (2009). „Predicting the Yield of Photometric Surveys“. Proceedings of the International Astronomical Union. 4 (S243): 63–69. arXiv:0807.0250. Bibcode:2009IAUS..253...63B. doi:10.1017/S1743921308026240.
  5. 5,0 5,1 Borucki, W.; и др. (2008). „Finding Earth-size planets in the habitable zone: The Kepler Mission“. Proceedings of the International Astronomical Union. 3 (S249): 17–24. Bibcode:2008IAUS..249...17B. doi:10.1017/S174392130801630X.
  6. Borucki, W.; и др. (2011). „Characteristics of planetary candidates observed by Kepler, II: Analysis of the first four months of data“. The Astrophysical Journal. 736 (1): 19. arXiv:1102.0541. Bibcode:2011ApJ...736...19B. doi:10.1088/0004-637X/736/1/19.
  7. „Kepler Discoveries“. NASA. Архивирано од изворникот на 27 мај 2010. Посетено на 15 јуни 2017.
  8. Boyajian, T. S.; и др. (27 јануари 2016). „Planet Hunters X: KIC 8462852 – Where's the flux?“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 457 (4): 3988–4004. arXiv:1509.03622. Bibcode:2016MNRAS.457.3988B. doi:10.1093/mnras/stw218.
  9. Bodenner, Chris (16 октомври 2015). „Maybe It's a Dyson Sphere“. Notes. The Atlantic. Посетено на 15 јуни 2017.
  10. Bodenner, Chris (17 октомври 2015). „Maybe It's a Dyson Sphere, Cont'd“. Notes. The Atlantic. Посетено на 15 јуни 2017.
  11. Andersen, Ross (13 октомври 2015). „The Most Mysterious Star in Our Galaxy“. The Atlantic. Посетено на 15 јуни 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]