Прејди на содржината

Кременица

Координати: 40°55′25″N 21°27′30″E / 40.92361° СГШ; 21.45833° ИГД / 40.92361; 21.45833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кременица

Воздушен поглед на селото Кременица

Кременица во рамките на Македонија
Кременица
Местоположба на Кременица во Македонија
Кременица на карта

Карта

Координати 40°55′25″N 21°27′30″E / 40.92361° СГШ; 21.45833° ИГД / 40.92361; 21.45833
Регион  Пелагониски
Општина  Битола
Област Пелагонија
Население 100 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7225
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02064
Надм. вис. 588 м
Кременица на општинската карта

Атарот на Кременица во рамките на општината
Кременица на Ризницата

Кременица (во минатото Кенали) — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола и во непосредна близина на државната граница со Грција.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]

Името на населото веројатно потекнува од каменот кремен.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Воздушен поглед на селото

Селото се наоѓа во Пелагонија, во крајниот јужен дел на Битолското Поле и на територијата на Општина Битола, чиј атар се допира со државната гранична линија со Грција.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 588 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 27 километри во јужна насока,[3] додека од градот Лерин е оддалечено 22 километри во северна насока.

Низ селото поминува регионалниот пат 2338.

Во минатото, Кременица било големо полско село сместено покрај железничката линија Битола-Солун и покрај југословенско-грчката граница. Истовремено, тоа претставувало најголемо турско село во Пелагонија и во целата држава. Околни села се Меџитлија, Горно Егри, Средно Егри, Гермијан, Кавказ и Негочани. Водата за пиење се добивала од бунари.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ѓол-баш, Јуџек, Шеријол, Дараба-чаир, Кабајир, Коралти, Коџа-гази, Каурба, Агбаши, Потоклар, Ѓермени-јол, Кару-срти, Елешка (река), Градина, Кумбуралар и Тумба.[4]

Селото има збиен тип и е поделено на пет маала: Амбо, Ошта, Кара-јусуф, Кара-беќир и Ќоса-улар Маало. Роднинските куќи во маалата се поблиску една до друга и се групирани. Некои помали делови од маалата се наречени по родовите.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Југозападно од селото се наоѓа месноста Тумба, на која денес има ниви. Таму, селаните при орање наоѓале темели од куќи, ќупови и стари пари. Западно од селото е месноста Јуџек, исто така со ниви, каде исто се наоѓале старини. Остатоци од старини се наоѓале и на месностите Кумбуралар и Градини.[4]

Кременица било турско село и до 1912 година било познато под името Кенали. Населението од ова село кажувало дека најстаро село во овој дел на Битолското Поле било денешното раселено село Горно Егри, а подоцна биле основани Кременица, Меџитлија и Гермијан, веројатно во XVIII век. Основачи на Кременица биле Турци (околу 10), а нив турската државна власт ги иселила на сила од некое село од Конискиот Вилает во Мала Азија. Тие најпрвин изградиле куќи на месноста Кару-срти покрај Елешка Река, 4 километри југоисточно од денешното село. Овие Турци се ожениле со словенски девојки и жени од Мариово и така се основани семејствата и родовите. Сепак, не останале долго покрај реката и преминале на местото на денешното село.[4]

Селото првпат се споменува во периодот 1650-1750, кога се споменуваат турски жители на селото Кенали (запишано како Хинали). До 1912 година, во селото имало пет џамии, но денес постои само една, бидејќи останатите биле срушени во текот на Првата светска војна. При оваа војна биле срушени и голем број куќи, а жителите привремено биле сместени во Битола.[4]

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Стопански објект во селото

Атарот на селото е релативно голем и зафаќа простор од 31 км2. На него преовладуваат обработливите површини на површина од 2.705 хектари, на пасиштата отпаѓаат 117 хектари, а на шумите 48 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во минатото, во него постоела земјоделска задруга и услужни објекти.[3]

Со исцртување на државната граница, една третина од атарот на Кременица останала во Грција. Денес, тој дел на земјата го користат мештаните на новооснованото село Кавказ.[4]

Во селото има извори на минерална вода, поради што во него се наоѓаат фабрички капацитети за производство на минерална вода.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.726—    
19532.077+20.3%
1961508−75.5%
1971315−38.0%
1981306−2.9%
ГодинаНас.±%
1991156−49.0%
1994157+0.6%
2002134−14.6%
2021100−25.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кременица живееле 2.200 жители, сите Турци.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Кременица се води како чисто турско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 550 куќи.[7]

Според Димитар Гаџанов во 1916 во Кенали живееле 2.400, сите Турци.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.550 Турци и 100 Македонци.[9]

Кременица преминало од средно во мало село по големина, бидејќи во 1961 година селото имало 508 жители, од кои 253 биле Македонци, 113 Турци, 68 Албанци, 50 Срби и 16 жители други, а во 1994 година имало 157 жители, од кои 140 биле Македонци, а 17 жители Турци.[3]

Според пописот од 2002 селото броело 134 жители, од кои 112 Македонци, 20 Турци, 1 Србин и 1 останат.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 100 жители, од кои 78 Македонци, 3 Албанци, 9 Турци, 2 Роми, 4 Срби и 4 лица без податоци.[11]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Кременица:

Година Македонци Албанци Турци Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 1.726
1953 48 0 2.023 2 4 2.077
1961 253 68 113 50 24 508
1971 258 1 49 5 2 315
1981 271 1 23 9 2 306
1991 132 0 22 1 1 156
1994 140 0 17 0 0 157
2002 112 0 20 1 1 134
2021 78 3 9 4 0 4 100

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Кременица денес е доминантно македонско православно село, а во минатото до педесеттите години на XX век во селото живеело исклучиво турско население.[4]

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото биле: Муса Оџа (60 к.), Мачелар (50 к.), Каратлар (60 к.), Аџи Уларе (50 к.), Тоскалар (50 к.), Дели Мусалар (30 к.), Раманлар (30 к.), Амедалар (40 к.) и Калафлар (30 к.).

Сите овие родови доселени се од Мала Азија, од селото Кенали, во XVIII век. Родот Тоскалар од Мала Азија најпрво се населил во Јужна Албанија, каде некој нивен предок бил управник, а потоа дошле во селото. И по тоа го носат името Тоскалар.

Денешните македонски семејства најмногу се доселиле од селата Совиќ, Живојно, Бач и други села.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од 1924 до 1930 година од селото 100 семејства се иселиле во Турција. Сепак, најсилен бран на иселување на турското население имало во педесеттите години на минатиот век, кои заминале во разни села во Мала Азија.[4]

Над 200 лица се иселиле во Битола, прекуокеанските земји и Европа.[2]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век, Кременица било село во Битолската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Бистрица.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Бистрица.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Кременица, во која покрај селото Кременица се наоѓале селата Горно Егри, Долно Егри, Меџетлија и Средно Егри. Во периодот 1950-1952, селото исто така било седиште на некогашната општина Кременица, во која влегувале селата Букри, Горно Егри, Долно Егри, Кременица, Меџитлија и Средно Егри.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0139 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 93 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 90 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[15][4]
  • Тумба — населба од неолитско време;
  • Јуџек — наоѓалиште од непознат тип и период;
  • Кумбуралар — осамен наод од непознат период; и
  • Градини — наоѓалиште од непознат тип и период.
Цркви[16]
Џамии[16]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2024-08-30. Посетено на 2024-08-30.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 163. Посетено на 30 август 2024.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 196-197. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 19.
  8. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 267.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 август 2024.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 31 август 2024.
  15. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 34. ISBN 9989-649-28-6.
  16. 16,0 16,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]