Мери Бошкова
Мери Бошкова | ||
Родена | 2 мај 1924 Битола, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починала | 25 март 2014 Скопје, Македонија | (возр. 89)|
Националност | Македонка | |
Народност | Македонка | |
Позната | по улогата во: Фросина Ангели на отпад Чорбаџи Теодос | |
Занимање | глумица |
Мери Бошкова (Битола, 2 мај 1924 - Скопје, 25 март 2014) — македонска театарска, телевизиска и филмска глумица, доајен на македонската глумечка уметност.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Бошкова е родена во Битола на 2 мај 1924 година. Таа ја играла насловната улога во првиот македонски долгометражен игран филм „Фросина“ (1952) на режисерот Воја Нановиќ, како и во првата македонска филмска комедија „Мирно лето“ (1961)[2], во режија на Димитрие Османли. Добитничка е на најголемите признанија во нејзината богата глумечка кариера: Стериината награда за ликот на мадам Дибоа („Еригон“ од Јордан Плевнеш), како и голем број на високи сојузни и републички признанија - награда на Владата на ФНРЈ, Владата на НРМ, наградите „11 Октомври“ и „13 Ноември“, наградата за животно дело и др.
Со своите први настапи во родната Битола, го свртела вниманието на публиката и критиката. Таа е носител на главните рољи со кои се прославила и во Македонскиот народен театар во Скопје: Живка во „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, Дездемона од Шекспир, Бароница Кастели во „Господа Глембаеви“ и „Нора“ од Хенрик Ибзен.
Скоро една деценија живеела и творела во Драмата на Народниот театар во Белград, каде се прославила со: „Коштана“ од Бора Станковиќ, „Тетовирана ружа“ од Тенеси Вилијамс и др.
По враќањето во Скопје, таа била носител на главните улоги на македонската сцена сè до пензионирањето, но сепак не се повлече. Таа останува со својата животна улога на Живка Министерка, со која творба се вброила меѓу најдобрите улоги на југословенската сцена.
Освен на „даските што значат живот“, таа била активна и во радио драмите, ТВ драмите, како и на филмскиот екран. Нејзина последна филмска глумечка творба е на филмскиот екран во филмот на Димитрие Османли, „Ангели на отпад“. Мери Бошкова починала на 25 март 2014 година во Скопје.[3] Погребана е на градските гробишта Бутел во Скопје.[4]
Филмографија
[уреди | уреди извор]Година | Филм | Улога |
1952 | Фросина ТВ-филм | Фросина |
1959 | Човек судбина ТВ-филм | |
1959 | Три стрели на Купидон ТВ-филм | |
1961 | Мирно лето ТВ-серија | Нада |
1961 | Судење Мери Дуган ТВ-филм | |
1962 | Коштана ТВ-филм | Ката |
1966 | До победата и по неа ТВ-филм | |
1969 | Банја ТВ-филм | |
1969 | Сеништа ТВ-филм | Хелена |
1970 | Слики на дрво ТВ-филм | |
1970 | Вујковиот сон ТВ-филм | |
1975 | Шути и рогати ТВ-филм | |
1975 | Бели памук ТВ-филм | |
1975 | Зар и ти Сотире ТВ-филм | |
1976 | Најдолгиот пат ТВ-филм | Мајката |
1976 | Војвода Спиро црне ТВ-филм | |
1978 | Најдолгиот пат ТВ-серија | Мајката |
1982 | Илинден ТВ-серија | |
1987 | Народни трибини ТВ-серија | |
1987 | Чук чук Стојанче ТВ-серија | |
1987 | Чорбаџи Теодос ТВ-филм | Кева |
1988 | Тврдокорни ТВ-серија | |
1993 | Крик на немиот Индијанец ТВ-филм | |
1995 | Ангели на отпад ТВ-филм | Мими |
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
1998 | Збогум на 20-тиот век ТВ-филм | |
2006 | Мост ТВ-филм |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Борис Вишински и Перо Коробар (1966). 20 години образование, култура и наука во СР Македонија. Нова Македонија.
- ↑ „Мери БОШКОВА - глумица“. Архивирано од изворникот на 2013-11-10. Посетено на 2011-06-08.
- ↑ Почина глумицата Мери Бошкова[мртва врска], !Нова Македонија, 26 март 2014.
- ↑ http://daily.mk/makedonija/pochina-akterkata-meri-boshkova-3
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мери Бошкова на Семрежната филмска база на податоци (англиски)