Прејди на содржината

Хотел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хотел Llao Llao во Барилоче, Аргентина.
Хотелот „Бурж Ал Араб“ во Дубаи

Хотел е објект кој нуди платено сместување за релативно краток временски период. Порано, под поимот „сместување“ се подразбирало само сопствена соба со најнужните работи како кревет, маса, плакар и др. Денес, како најелементарни услови во една хотелска соба се сметаат имањето клима-уред, телефон, ТВ, како и мини-бар со пијалак и закуска. Поголемите хотели нудат дополнителни услуги како базен, џакузи, сала за вежбање, па сѐ до сала за прес-конференции.

Хотелските соби вообичаено се нумерирани за гостите да можат полесно да го пронајдат својот апартман. Голем дел од хотелите нудат барем еден оброк како дел од платениот престој. Во Велика Британија постои законска одредба со која на хотелите им е наложено да послужуваат оброк во договорено време. Во Јапонија постојат хотели-капсули, кои се објекти со минимален простор за спиење.

Зборот „хотел“ настанал од францускиот збор hôtel (од фр. „hôte“ што значи гостин) кој означувал секаков вид на градба која на посетителите им нудела сместување. Во современиот француски речник, овој збор има исто значење како и во македонскиот.

Хотелските објекти може да се поделат според големината, функционалноста и цената. Според овие критериуми, постојат неколку категории на хотели, почнувајќи од стандардите хотели со повеќе ѕвездички сѐ до ботелот. Постојат и повеќе хотелски синџири кои имаат свои објекти ширум светот. Од нив се издвојуваат: „Хилтон“, „Мериот“, „Хајат“ и „Холидеј Ин“.

За најстар хотел во светот се смета „Нисијама Онсен“ од префектурата Јаманаши, Јапонија. Тој почнал со работа уште во 707. година од нашата ера и бил управуван од истото семејство цели 46 генерации. Според Гинисовата книга на рекорди, хотелот близу селото Измајлово, Москва, се смета за хотелот со најмногу соби (7.500). Исто така, недалеку од германскиот остров на Балтичкото Море, Руеген, се наоѓа хотелот „Прора“, кој е најголемиот хотел на светот, со 10.000 соби, но веќе неколку децении тој не се користи како хотел. Тој бил изграден меѓу 1936 и 1939 година, а по Втората светска војна служел како воен комплекс.[1] Од друга страна, пак, највисокиот хотел е сместен во Хонгконг. Се вика „Риц-Карлтон“, а неговата височина е 484 метри, со 312 соби за издавање. На 28 февруари 2016 година, на околу 70 км од градот Петропавловск-Камчатски, на полуостровот Камчатка бил отворен првиот хотел изграден од мраз.[2]

Хотелот како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Хотелот како мотив во книжевноста

[уреди | уреди извор]

Хотелот како мотив во музиката

[уреди | уреди извор]
  • „Хотелот Јорба“ (англиски: Hotel Yorba) — песна на американската рок-група Вајт страјпс (The White Stripes) од 2001 година.[8]
  • Хотелот Морисон“ (англиски: Morrison Hotel) — музички албум на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1970 година.[9]
  • „Хотел Калифорнија“ (англиски: Hotel California) — песна на американската рок-рупа Иглс (Eagles).[10]
  • „Хотел“ (француски: L'Hôtel) — песна на швајцарската електро-поп група Јело (Yello) од 1987 година.[11]
  • „Ѕвезден хотел“ (англиски: Star Hotel) — песна на австралиската поп-рок група Колд Чизел (Cold Chisel) од 1980 година.[12]
  • „Изгорен хотел“ (англиски: Burnt-Out Hotel) — песна на израелската рок-група Минимал компакт (Minimal Compact) од 1984 година.[13]
  • Хотел Неутрално млеко (англиски: Neutral Milk Hotel) — американска рок-група.[14]
  • „Најди хотел“ (англиски: Get A Hotel) — песна на британската рок-група Фол од 1988 година.[15]

Хотелот како мотив во филмот

[уреди | уреди извор]
  1. „Хотел без гости“, Дневник, година XIX, број 5794, петок, 19 јуни 2015, стр. 24.
  2. „Се отвора првиот хотел од мраз на полуостровот Камчатка“, Дневник, година XX, број 5995, понеделник, 22 февруари 2016, стр. 24.
  3. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 65-66.
  4. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 84.
  5. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 64-65.
  6. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 18.
  7. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 417-419.
  8. Discogs, The White Stripes ‎– White Blood Cells (пристапено на 9.10.2021)
  9. Discogs, The Doors ‎– Morrison Hotel (пристапено на 9.8.2020)
  10. YouTube, hotel california video oficial (пристапено на 8.1.2017)
  11. Yello – One Second (пристапено на 9.4.2024)
  12. YouTube, Cold Chisel - East (1980) Full Album (пристапено на 29.9.2017)
  13. Minimal Compact – Deadly Weapons (пристапено на 17.12.2023)
  14. Neutral Milk Hotel - Официјално мрежно место (пристапено на 3.5.2017)
  15. Discogs, The Fall ‎– The Frenz Experiment (пристапено на 22.10.2020)
  16. 16,0 16,1 IMDb, Hotel Transylvania (2012) (пристапено на 2.4.2017)
  17. IMDb, The Grand Hotel Budapest (2014) (пристапено на 19.2.2015)
  18. Антена, број 747, 19.10.2012, стр. 3.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]